Роналдо ,,клекна на колена” и ја запроси Георгина во Лондон – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/18 8:35 AM

Роналдо ,,клекна на колена” и ја запроси Георгина во Лондон

Британските медиуми „Дејли маил“ и ,,Мирор” пренесоа информација дека  Кристијано Роналдо заедно со својот најастар син и девојката Георгина го следеа во живо мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Џон Изнер кој се одигра во „О2“ арената, а набрзо после тоа, папараците ја „уловија“ саканата двојка во еден од најелитните ресторани во Лондон.

Но, сепак покрај првичната причина за заедничкото славје, кој бил првиот роденден на нивната ќерка Алана Мартина, како што го пренесуваат таблоидите било и запросувањето од страна на Роналдо, кој ја запросил со прстен од најексклузивната марка ,,Картиер”.

Португалскиот „Кориерио да Манха“ според извори до фудбалерот дојде до информации дека Георгина веќе се планира венчавката и веќе е во потрага по венчаници.

Извор: derbi.mk