За дневните оброци се трошат најмногу пари од семејниот буџет – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/18 8:18 AM

За дневните оброци се трошат најмногу пари од семејниот буџет

За дневните оброци се трошат најмногу пари од семејниот буџет ни одговорија тетовци. Сумата за оваа ставка како што велат им се движи до 18 000 денари. Според Институтот за економски истражувања и политики, за дневни оброци граѓаните просечно трошат околу една минимална плата.

Од 8 до 18 илјади денари трошиме за дневни оброци, ни одговорија тетовци на прашањето колку од семејниот буџет издвојуваат за храна и пијалаци. Втора ставка на која се трошат парите во тетовските домаќинства се сметките. Во зависност од месецот за сметки се издвојуваат од 4000 па до 9000 денари.

Граѓаните велат дека трошењето но и штедењето на семејниот буџет од кој ретко останува нешто на крајот од месецот е постојан предизвик за нив.

Како што објави Институтот за економски истражувања и политика, 12.557 денари едно просечно македонско семејство троши на храна и пијалоци, 5.062 денари на сметки, 3.067 денари за домување, 1.538 денари на транспорт и речиси исто толку пари троши за облека и обувки во текот на еден месец. Минималната плата кон крајот на 2017 година изнесуваше 12 илјади денари, а потрошувачката за просечно 4 члено семејство изнесува 27.764 денари, Оттука како што заклучуваат од Институтот за економски истражувања и политики семејство со еден вработен со минимална плата треба да најде уште дополнителни 15.764 денари месечно за да живее еден просечен достоинствен живот.

Зоран Димовски