Со цел да се избегнат статусните разлики основното училиште Андреја Савески Ќиќиш од Тетово воведе училишни униформи. Сите ученици ќе носат сини маички.
Основното училиште Андреја Савески Ќиќиш од Тетово воведе носење училишни реформи како дел од светскиот систем и правила на образовните институции. Целта е да се избегнат статусните разлики меѓу учениците. Иницијативата потекнува од советот на родители на училиштето.
На учениците им се допаѓа идејата и униформата.
Во основното училиште Андреја Савески Ќиќиш вкупно 270 ученици носат униформи.
Зоран Димовски


