Тетовските невладини скептични за владините мерки против загадувањето – ММС
ММС

Објавено на: 11/15/18 2:25 PM

Тетовските невладини скептични за владините мерки против загадувањето

Владата со сет мерки планира за две години да се намали аерозагадувањето за 50 % во Скопје, а за 30 % во внатрешноста на Македонија. Невладините, ваквите прогнози ги окарактеризираа како нереални.

Во сетот мерки кои ги најави владата за намалување на аерозагадувањето не се земени во предвид работењето на производствените капацитети.

На прес конференција заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули рече дека индустријата е регулирана со закон, инспекциите се на терен и постојано се следи нивната работа.

Од Еко Герила сметаат дека изоставањето на фабриките во сетот мерки, кои се најголемите загадувачи нема да даде ефект и прогнозите дека аерозагадувањето ќе се намали за 50 % односно 30 %  нема да се остварат.

Џафери смета дека нефер е одлуката на владата да го фаворизира Скопје, пред останатите загадените градови во државата.

Инаку владата најави дека за возилата ќе воведе еколошки налепници црвена,жолта и зелена. Во зависнот од нивото на аерозагаденост и бојата на налепниците, одредени возила нема да можат да се обраќаат по патиштата.

Зоран Димовски