Ново сообраќајно решение и ЗОНА 30 низ сервисните улици во Карпош 4 – ММС
ММС

Објавено на: 11/15/18 1:33 PM

Ново сообраќајно решение и ЗОНА 30 низ сервисните улици во Карпош 4

Со цел поголема сообраќајна безбедност во Карпош 4, Општина Карпош почна да поставува нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација низ сервисните улици во урбаната заедница Кшарпо 4. Оваа исклучително значајна акција Општината ја спроведува во соработка со СВР Скопје, Градот Скопје и стручни лица – сообраќајни инжинери.

Со новото сообраќајно решение се воведува и ЗОНА 30 низ сервисните улици во Карпош 4, со што ќе се ограничи брзината на движење, внатрешно во населбата.

Овие промени се прават врз основа на сообраќаен проект, за измена на режимот на сообраќајот. По повеќе децении, конечно, се обновува хоризонталната и вертикална сигнализација во оваа урбана заедница, според сите современи стандарди и критериуми, со што се зголемува безбедноста во сообраќајот.

Ќе се постават нови 250 знаци (вертикална сигнализација), при што посебно се става акцент на воочливи и интерактивни знаци пред училиштата и градинките. Исто така, ќе биде поставена нова хоризонтална сигнализација во должина од 2.400 m2 со околу 80  нови пешачки премини.

Примарна цел на локалната самоуправа е со ова ново решение  да се подобри безбедноста во сообраќајот, пред воспитно –  образовните установи и да се намали сообраќајниот метеж кај ТЦ Сити Мол.

Во следниот период, штом целосно заврши поставувањето на хоризонталната и вертикалната сигнализација, дополнително ќе ги известиме граѓаните за новите сообраќајни правила и начинот на движење на возилата и пешаците. Ова е само начин, како заедно да ги менуваме навиките, за поголема безбедност и заштита на сите учесници во сообраќајот.