Оставки од премиерот, Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски побара денеска опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ го впери прстот во нив за нефункционалност на институциите, а партискиот портпарол Наум Стоилковски реагира дека го злоупотребиле бегството на екс премиерот, Никола Груевски.
„Ги впрегнаа институциите и во политичкиот прогон во полна смисла на зборот притвораат лица кои редовно ги исполнуваа обврските кон судот. Овие притворања се политичка казна, а не правна санкција. Ова е уште една злоупотреба на институциите за нивни политички цели. Оваа власт го донесе најцрното време на Република Македонија, црно време во кое се монтираат случаи од киднапирани институции“.


