Баладата „Штом љубовта исчезне“ со која Наталија Славева по пет години се врати на домашната музичка сцена доби свој видео запис.
Спотот за нежната љубовта приказна е снимен под режисерската палка на Марјан Огненовски. Зад текстот се потпишува Огнен Неделковски, музиката е на Томислав Коцевски, а аранжманот на Дејан Миленковски.
„Голема благодарност до целиот тим кој придонесе за да се направи еден убав производ, кој што се надеваме дека ќе и се допадне на публиката“, вели младата пејачка. И покрај неколкугодишната пауза, таа повторно се враќа во студио за да ги изненади своите обожаватели со ново музичко парче во скоро време.


