Денес постојат различни кампањи за намалување на бројот на заболени од рак на дојка и подигнување на свеста кај жените, и тоа е со право. Ракот на дојката е најчесто малигно заболување кај жените, а има и случаи на појава кај мажите. Раното дијагностицирање е клучно, затоа што се смета дека во почетната фаза може да се излекуваат до 95% од заболените.
Постојат различни начини за да го намалите ризикот од рак на дојка, а и воопшто можноста од ова лошо заболување. Причините може да имаат различна природа во зависност од медицинската историја на семејството и да зависат од генетските предиспозиции или од начинот на живот, а факт е дека скоро никој не обожава да зборува за нив. Бидејќи игнорирањето не помага за безбедноста да ни биде подобра, се стремиме кон едукација и навремено препознавање и дијагностицирање на симптомите, превенција и лекување.
Грижата за здравјето, превенцијата и навременото дијагностицирање на ракот на дојка се фактори од пресудна важност за неговото спречување и лекување.Животниот стил, изборот на намирниците, начинот на подготовката имаат големо влијание. Ако тука се земе предвид и генетската предиспозиција, која може да е или да не е наклонета, тогаш треба уште повеќе да се внимава.
Иако не се знае со сигурност која храна обезбедува најдобра заштита од оваа злокобна болест, научниците откриле врска меѓу храната и развојот на ракот. Во продолжение прочитајте кои намирници помагаат во борбата против ракот на дојка, а исто така се корисни и за превенција на ова заболување во целиот организам.
Зелен лиснат зеленчук
Некои научни студии покажале дека лиснатите зеленчуци како што се кељот и спанаќот го намалуваат ризикот од појава на рак на дојка. Се смета дека, позитивното дејство на лиснатиот зеленчук се должи на способноста да го спречи прекумерното излачување на хормоните кои предизвикуваат појава на канцер и на тој начин помага превентивно.
Масни риби кои се богати со омега-3 масни киселини
Некои намирници како што е рибата која е богата со омега масни киселини, може да го спречи растот на канцерогените клетки. Истражувачите од Универзитетот во Дедиње го испитувале влијанието кое омега масните киселини го имаат врз организмот. Со анализите биле опфатени повеќе од 800.000 жени од кои 20.000 имале канцер на дојката. Резултатите покажале дека исхраната богата со овие здрави масни киселини, односно рибата, го намалува ризикот од канцер за 14%.

Разните овошја и зеленчуци
Овошјето и зеленчукот се богати со антиоксиданси и витамини, вклучувајќи ги и витамините Ц, Е и фолатите. Покрај тоа, содржат и растителни влакна, па се препорачува дневно да се внесуваат најмалку 400 грама на овошје и зеленчук.
Тука посебно се истакнуваат доматите и крстоцветните зеленчуци. Доматите имаат висока содржина на антиоксиданси. Содржат и ликопен кој исто така е одличен борец против оваа болест. Ликопенот, освен во доматите го има и во лубеницата и папајата. Крстоцветните зеленчуци содржат супстанции т.н. глукозинолати кои им го даваат и карактеристичниот горчлив вкус. Научниците откриле дека токму тие го спречуваат оштетувањето на ДНА, па што можете почесто во исхраната вклучете карфиол, зелка, лук и кромид.
Мешунки
Намирниците како што се грав, леблебија и леќа можат исто така да го намалат ризикот од рак на дојката. Оваа храна е одличен извор на протеини, а содржи и калциум, железо и витамин Б.
Маслиново масло
Екстра девственото маслиново масло е најдобар избор за подготовка на јадење, затоа што е многу богато со антиоксиданси и фитонутриенти. Антиоксидансите делуваат превентивно против настанувањето на рак на дојката, со оглед на тоа што го спречуваат штетното дејство на слободните радикали кои се наталожуваат во организмот. Едно истражување покажало дека лицата кои го практикуваат медитеранскиот начин на исхрана, имаат дури 62% помал ризик да заболат од оваа болест, во споредба со оние кои поретко го користат маслиновото масло.
Семиња и јаткасти плодови
Повеќето од нив, а посебно лененото семе содржи голема количина на лигнани и фитоестрогени. Една студија која била спроведена во 2009 година покажала дека ризикот од појава на рак на дојката кај жените во постменопауза драстично се намалил кај оние кои консумирале исхрана богата со лигнани. Може да го консумирате во вид на семе или ладно цедено ленено масло.
Превземено од: sezahrana.mk


