Повреден пешак во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 11/15/18 11:18 AM

Повреден пешак во Кавадарци

Шеесет и пет годишниот М.Т од Кавадарци е повреден во сообраќајна незгода која се случи синоќа на улица Шишка во Кавадарци. Во него удрил патнички автомобил.

„Вчера . околу 1630 ч. на ул. „Шишка“ во Кавадарци се случи е сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Фолксваген поло“ со велешки регистарски број управуван од Г.Д.(32) од Кавадарци удрил во пешак М.Т.(65) од Кавадарци. Во незгодата со телесни повреди се здобил пешакот кој по укажана помош во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци пуштен е на домашно лекување“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Тој додава дека увид на местото извршила екипа на кавадаречката полиција.

Ангел Данов