Полицијата ноќеска и утрово со повеќе акциски контроли за откривање странски државјани – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/18 2:27 PM

Полицијата ноќеска и утрово со повеќе акциски контроли за откривање странски државјани

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, ноќеска од полноќ до 2 часот и 30 минути, спровеле акциска контрола во угостителски објект во тетовско Горно Седларце. При контролата, во објектот биле затекнати 8 женски лица, од кои 5 од Република Албанија и 3 македонски државјанки. Албанските државјанки на возраст од 25 до 45 години, кои во објектот ги забавувале гостите, приведени се во Полициската станица Тетово, по што се предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

Во истиот период, спроведена е акциска контрола и во угостителски објект во Желино, во кој биле затекнати 6 женски лица, од кои 1 од Република Косово и 5 македонски државјанки. Косовската државјанка на возраст од 23 години приведена е и предадена за натамошна постапка.

Денеска од 4 до 7 часот, во Гостивар спроведена е акциска контрола за откривање на странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на подрачјето или го злоупотребуваат туристичкиот престој . Во акцијата со која биле опфатени неколку објекти на улиците „Беличица” , „Мара Угринова”, „29 Ноември “, и „Борче Јовановски” откриени и приведени се 14 албански држвјани на различна возраст од 17 до 57 години.

Ваква акциска контрола денеска од 4 до 8 часот спроведена е и во гостиварските села Чајле, Форино, Чегране, Неготино-Полошко, Дебреше и Добридол. Во неа откриени се вкупно 28 албански државјани со нерегулиран престој во нашата земја, а поради што се приведени во Полициската станица Гостивар. Приведените, нешто подоцна предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и радмисија за натамошна постапка.

Зоран Димовски