Во Хрватска во Свети Мартин на Мура денеска завршува традиционалната годишна средба на радио и телевизиските работници на локално и национално ниво,з дружени во Хрватската асоцијација на радиодифузните медиуми и независните здруженија. На покана на организаторот, на средбата е присутен и Горан Гаврилов, управител на Радио Канал 77 .
На првиот ден од собирот кој започна на 13 ноември се одржа собрание на ХУРИН, Здружение во кое се обединети радио станиците од Хрватска. На седницата беа поднесени извештаи за работата во изминатиот период и презентирани планови за наредниот период. Една од значајните одлуки кои што беа изгласани на оваа средба е тоа што, радио издавачите донеле одлука за формирање на маркетинг компанија, Радиус Д.О.О која ќе работи како Агенција за маркетинг на сите членови на ХИРИН.

На Собранието, акцентот на расправата беше ставен на Законот за авторски и сродни права, имајќи предвид дека ХУРИН со ХДС ЗАМП, се обидуваат да постигнат поповолен позиција и правилен клуч за пресметување на авторските надоместоци кои радио станици ги плаќаат за изведување на музика .Представниците на радио станиците нагласија дека мерката за непуштање на музичките продукти во програмата на радио станиците не била насочена кон изведувачите, туку кон издавачките куќи и автори кои според нив вртат огромни пари преку медиумска промоција на изведувачите, бидејќи добиваат една четвртина од средствата кои радио станици им ги плаќаат на ХДС ЗАМП.
Токму овој и Законот за електронски медиуми ќе бидат теми на два панели кои се предвидени за денес. Ќе се разговара и за положбата на жените во медиумите.
Собирањето на повеќе од 300 медиумски работници на едно место, меѓу кои се наоѓаат и гости од Словенија, Србија и Македонија, ќе заврши со панел и работилница – Фонд за плурализам на медиумите и измените во подготовката на новиот конкурс за распределба на фондовските средства.
Собирот е под покровителство на претседателот на Хрватскиот парламент, Гордан Јандроковиќ.


