Јан Облак незадоволен од раководството на Атлетико Мадрид поради една причина – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/18 1:01 PM

Јан Облак незадоволен од раководството на Атлетико Мадрид поради една причина

Еден од најдобрите светски голмани, Јан Облак наводно не бил среќен со моменталната ситуација во Атлетико Мадрид.

„Марка“ пренесува дека словенечкиот интернационалец бил незадоволен затоа што од клубот се уште не му понудиле нов, подобрен договор со кој би заработувал повеќе пари.

Актуелниот договор на Облак со Атлетико Мадрид истекува во 2021 година, и според него тој може да го напушти клубот доколку некој тим понуди 100 милиони евра за неговите услуги.

Облак на церемонијата на која беше избран за најдобар голман на Ла Лига кратко одговори дека не знае до каде се преговорите за негов нов договор со „душекџиите“.

Извор: derbi.mk