Десетгодишно девојче превенира киднапирање со тоа што го побара „тајниот збор“ на семејството – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/18 11:49 AM

Десетгодишно девојче превенира киднапирање со тоа што го побара „тајниот збор“ на семејството

Десетгодишно девојче од Аризона вели дека успеало да превенира потенцијално  киднапиње со тоа што го побарала „тајниот збор“ на нејзиното семејство.

Бренда Џејмс изјави за КСАЗ дека нејзината ќерка, чие име не е објавено, одела со пријател близу еден парк во долината Сан Тан, Аризона, во 03:45 часот, кога  човек во бело  SUV им пристапил на двете деца.

Џејмс рече дека човекот ѝ рекол на нејзината ќерка дека нејзините браќа се во „сериозна несреќа” и дека треба веднаш да дојде со него.

Девојчето брзо размислило и  знаело дека нешто не е во ред и се сетило да праша за „тајниот збор “ што и го дало нејзиното семејство. Кога човекот не го знаел одговорот тој побегнал. Девојчето се јавило на својата мајка плакајќи и и’ раскажало што се случило.

Според канцеларијата на Шериф Каунти на Пхинал, која го испитува инцидентот, повеќе деца го забележале истиот SUV, можеби Ford Explorer, кружејќи низ паркот тој ден. Полицијата верува  дека возачот е бел човек со кратка брада во неговите 40-ти години.

Мајката изјави :„Овојпат тајниот збор го спаси животот на мојата ќерка.Всушност се решивме за тајниот збор пред неколку месеци откако прочитав изјава од полицаец дека е добро секое семејство да има таен збор“.

-Се надевам дека откако ќе се прочита оваа приказна повеке родители ќе преземат мерки за заштита за своите деца.