Велешкиот театар со „Заспаниот супер-херој” гостува во Радовиш – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/18 7:49 AM

Велешкиот театар со „Заспаниот супер-херој” гостува во Радовиш

 Велешкиот народен  театар „Јордан Х К Џинот” денеска со три претстави од претставата за  деца „Заспаниот супер херој”, по текст и режија на Младен Крстевски, ќе гостува  во Центарот за култура „Ацо Караманов” во Радовиш.
„Заспаниот супер-херој” е театарска продукција на Велешкиот театар наменета за најмладата публика која театарот ја реализира од сопствени средства. Претставата на атрактивен и интерактивен начин ја следи приказната за Ицо и Гицо кои со помош на нивниот супер-херој и волшебникот ја спасуваат својата другарка Пинипу од рацете на лошиот вештер,појаснува Крстевски.
Во претставата настапуваат актерите Фаик Мефаилоски како Гицо, Жарко Спасовски како Ицо, Васил Зафирчев како Вештерот, Ирена Илиевска како Пинипу, Младен Крстевски како Волшебникот и Андреј Серафимовски како супер-херојот.