Политичкиот над интересот на граѓаните и нивните пари придонеле во општина Берово, пречистителната станица на отпадни води за седум години да генерира загуба од 350.000 евра.За тој период, општинските советници не успеале да најдат заеднички јазик колку да биде тарифата за прочистување на отпадните води, што треба да ја плаќаат загадувачите.Ова е еден од податоците до кое дошло Здружението „ИНИ“ од Виница
-Општинските советници останале глуви т.е. немало никаков политички консензус за да се реши ова прашање, за да му се овозможи на претпријатието некако да застане на нозе, вели Тодор Цонев од „ИНИ“.
Во проектот, здружението ги истражуваше долговите на јавните претпријатија колку пари биле потрошени за репрезентации и телефони, а колку за инвестиции.Анализите велат за периодот од 2015-2017 се потрошени над 150.000 евра.
-Овде , на врвот е општина Виница, континуирано за три години, или прва или втора. До неа е општина Македонска Каменица. Општина Штип е под нив, а има многу повеќе вработени, изјви Цонев.
Анализата вели дека додека за телефони, софри и подароци се трошени многу пари, додека во инвестиции и набавка на опрема, речиси и да не е инвестирано.
-Според податоците добиени од самите јавни претпријатија, некои од нив имаат вложувања од 0 денари. исклучок се само Пробиштип и Штип, делумно и Карбинци, вели Цонев.
Во Штип, за телефон и репрезентации се потрошени 2,4 милиони, а за опрема 5,6 милиони денари, односно 4,1 милион за нови водоводни и канализациони мрежи, контејнери и слично.
Разликата помеѓу потрошеното и инвестираноте е најголема во Пробиштип. Таму, вели Цонев, за телефони и репрезентации се потрошени 1,4 милиони денари. Од друга страна, во опрема се инвестирани 3,6 милиони а во инфраструктура околу 7 милиони денари.


