Урко доби награда по повод „13 Ноември“, Град Скопје се огради – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/18 5:03 PM

Урко доби награда по повод „13 Ноември“, Град Скопје се огради

Дејан Митровски Урко кој долги години беше шеф на обезбедувањето на експремиерот,  Никола Груевски денеска доби награда од Сојузот на спортови на Скопје по повод „13 ноември“ Денот на ослободувањето на Градот.

Урко се најде меѓу наградените, кои според Сојузот  оставиле печат во спортот низ годините.

За најдобар спортист во Скопје беше прогласен кик боксерот Бобан Илиоски кој членува во клубот Шампион.

„Мило ми е што баш јас ја освоив оваа награда и сигурно ќе остварам многу поголеми успеси во наредниот период“, изјави Илиоски чиј тренер Дејан Митровски пак, ја доби наградата за најдобар тренер.

РК „Вардар“ е прогласен за најдобар клуб на Скопје, а Зоран Поповски за најдобар спортски судија.

Директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски  за доби наградата за најдобар општествено спортски работник/функционер.

По објавата во дел од медиумите дека овие награди ги доделува Град Скопје, оттаму реагираа со писмено соопштение нагласувајќи дека истите не се дел од манифестациите кои ги организира Градот по повод 13 Ноември.

Овие награди ги доделува здружението на граѓани – Сојуз на спортови на Скопје, и истата не претставува официјална награда на Град Скопје.