Пожарите во Калифорнија прогласени за најсмртоносни во земјата – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/18 12:55 PM

Пожарите во Калифорнија прогласени за најсмртоносни во земјата

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија, беа прогласени за најсмртоносни во земјата и досега однесоа најмалку 42 човечки животи, а пожарникарите се немоќни.

Тринаесетте нови жртви беа пронајдени во изгорени автомобили, меѓу урнатините на нивните домови или во близина на нивните автомобили. 

Локалните власти соопштија дека очекуваат бројот на жртви и натаму да расте.

Поради силниот ветер, пожарот во северниот дел кој избувна во четвртокот стана најразорниот пожар во историјата на Калифорнија, со повеќе од 6 700 уништени куќи.

Официјалните лица во моментов ја одредуваат причината за пожарот што ја погоди Калифорнија.