Во тетовско Беловиште се одржа осмата по ред Костенијада. Целта на манифестацијата е заштита и промоција на костенот.
Учесниците на костенијадата велат дека оваа манифестација е голем настан за нив, затоа што истата овозможила да го ппасираат призводот и да обезбедат понатамашен откуп по средбата со гостите на настанот.
Во програмата на овогодинешната Шарпланинска костенијада беше вметната и планинарска тура долга десетина километри која ги поврзуваше селата Вратница и Беловиште, преку месноста Сенокос па се до Петачко водиче.
Шар Планина изоболуа со костен, но голем дел од стеблата се заболени од рак. Токму и целта на оваа манифестација е да се потикнат институциите што поскоро да го заштитат костенот, плод од кој месното население егзистира.
Зоран Димовски


