Нападнат главен судија во тетовско, поради незадоволство од резултатот – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/18 1:01 PM

Нападнат главен судија во тетовско, поради незадоволство од резултатот

Нападнат главен судија на фудбалски натпревар меѓу екипите на Врапчиште 1959 и Тумчевиште од село Тумчевиште. Натпреварот бил прекинат во 74 минута.

Фудбалскиот натпревар помеѓу четвртолигашките екипи „Врапчиште 1958″  од Врапчиште и „Пролетер” од Тумчевиште не се одигра. Тој беше прекинат во 74 минута откако двајца играли од домашната екипа го нападнале главниот судија незадоволни од резултатот. Се расчистува случајот и ќе следуваат поднесоци.

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера околу 15 часот и 45 минути, на регионалнот пат Тетово-Скопје, пред влезот во Ново Село,запреле патничко возило „Опел астра” без регистерски таблици, што го управувал 62-годишниот С.Ф. од скопско Бојане, а во кое од Мерово за Бојане превезувал огревни дрва без потребните документи.Возилото и дрвата се фотодокументирани, одземени и предадени и се на Шумска полиција за натамошна постапка, додека С.Ф. лишен е од слободА. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Изминатиот викенд на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола за алкохол, со која вкупно биле опфатени 127 возачи. Во контролата откриени се вкупно 11 лица кои ги управувале возилата под дејство на алкохол.Сите се исклучени од сообраќај и на 10 времено им се одземени возачки дозволи, а изготвени им се и мандатни платни налози.Покрај тоа, во акциската контрола биле констирани и над дваесетина други видови прекршоци, кои се соодветно санкционирани.

Зоран Димовски