СВР Тетово апелира на внимателност поради појава на голомразица на патиштата – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/18 12:44 PM

СВР Тетово апелира на внимателност поради појава на голомразица на патиштата

Поради голомразицата на патиштата кои водат кон Стража, Маврово, и Попова Шапка Секторот за внатрешни работи Тетово апелира на крајна внимателност, а ги потсетува и на обврската за носење на зимска опрема по 15 ноември.

 
Поради спуштање на температурите во периодов што следи се очекува голема голомразица на патиштата кои водат кон Стража Маврово, и Попова Шапка, Од СВР Тетово предупредуваат дека се можни и одрони со што дополнително се зголемува ризикот од сообраќајни несреќи. Поради ова, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да бидат крајно внимателни ако патуваат кон Стража, Маврово или Попова Шапка, од 15-ти овој месец задолжително да поседуваат зимска опрема и да ја прилагодат брзината според условите на патот.

На возачите им се советува, исто така, навреме да ја проверат техничката исправност на нивните возила и посебно оние кои вршат јавен превоз на патници со автобуси и комбиња, да не конзумираат алкохол кога седнуваат зад волан и да не управуваат  неподготвени и заморени.

Зоран Димовски