Штипјани денеска излегуваат на протест – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/18 9:58 AM

Штипјани денеска излегуваат на протест

Прегазувањето на 15-гидшниот ученик на Средното општинско улилиште „Коле Нехтенин“ во Штип, ги предизвика граѓаните да организираат протест против лошат безбедност.За денеска попладне, иницијатива на Фејзбук повикува на мирен протест за денеска попладне во 14 часот.

-До сите надлежни органи и институции за безбедност на децата во училиштата испраќаме апел под итно да се реши овој проблем, а не како што кажаа некои од нашите сограѓани: “Кучињата лаат караванот си врви “! Ние нашите деца ги праќаме да се образуваат и воспитуваат за доброто на државата, а не да ги праќаме во смрт . До кога овој долгогодишен проблем со оваа црна точка во градот ќе го игнорираат надлежните и до кога ке ни се трауматизираат децата, се повикува во најавата за протестот.

Бурни рекации во јавноста и на социјалните мрежи предизвика инцидентот од минатата недела, кога на пешачки премин беше прегазено 15-годишен ученик. Според информациите од Клиничката болница од Штип, детето е во кома, врз него се извршени две операции на мозокот. И денеска неговата состојба е непроменета, а покрај повреди на мозокот има повреди и на  белите дробови.

Како што веќе информиравме, во петокот на големиот одмор додека група деца тргнала по храна кон спротивната страна на булеварот, во нив удри возило „Фолсфаген поло“ со штипски регистерски таблички управувано од Б.М. (68) од Штип, соопшти полицијата.

На влезниот булевар во Штип брзината на возење е ограничена на 50 киломтери на час, но возачите главно не ги почитуваат сообраќајните правила, па овде се поминува со голема брзина.
Последниот инцидент ги крена граѓаните, кои бараат Општината Штип да преземе мерки, особено што раководствата на училиштетото со години наназад алармират на лошата безбедност.