Поради немање откуп јаболкопроизводителите ги корнат овошните насади – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/18 9:53 AM

Поради немање откуп јаболкопроизводителите ги корнат овошните насади

Тетовската јаболка како никогаш досега со добар квалитет и родНо, јаболкопроизводителите квалитетот и квантиетот нема каде да го продадат. Откуп засега нема.

За јаболкопроизводителите од тетовско, повеќе цената не е главен проблем. Велат дека се подготвени јаболката да ја продадат и по најниска цена досега, ако некој им обезбеди откуп. Во изминатите години имало откуп претежно од Бугарија и Косово, но сега нема пласман, а јаболката им скапува по магацините.

Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието, велат дека земјоделците мора да се преориентираат на други произвоид кои се барани на пазарот, а ако сакаат да се занимаваат со јаболка, мора да го окрупнат производството преку здружување во задруги.

Голем дел од јаболкопроизводителите поради немање на пласман, годинава започнаа да ги корнат овошните насади.   

Зоран Димовски