Новите градски гробишта кај тетовско Фалише се уредуваат само со зборови. Општината истакна дека уште лани во септември а потоа во март годината, локацијата ќе се среди и ќе се изградат пропратни објекти. Но од ветеното на терен ништо не е реализирано. .
Новите градски гробишта кај тетовско Фалиште се уште се во катастрофална состојба, Местото е обраснато со трева и нерамно, нема пропратни објекти ниту пак тоалети.
Тетовци кои ги погребуваат своите најблиски вината за ваквата сосотјба ја лоцираат во општината, но и во црквата која ниту го осветила местото, ниту пак изградила црква иако е тоа нивна обврска
Инаку новата локација на градските гробишта кај тетовско Фалиште беше избрана уште во 2007 година, поради недостиг на слободни гробни места на старите градски гробишта во Тетово.
Зоран Димовски


