Коритото на Пена со отпад – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/18 7:48 AM

Коритото на Пена со отпад

Наместо со механизација реката Пена се чисти рачно. Купиштата на разновиден отпад најчесто кабаст се таложат во Пена која поминува низ Тетово. Поради ваквата лоша еколошка слика, реката ја губи чистотата.

Во Пена може да се најде се и сешто. Од електроника до цврст па  и комунален отпад. Несовесните граѓани овој тетовски бисер го користат како место за депонирање на нивниот отпад.

Од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека поради ваквиот начин на загадување, чистотата на реката се намалува.

Инаку реката Пена во нејзиниот горен тек над Тетово е во втора категорија според сите параметри, но во нејзиниот долен дел на излезот од Тетово, чистотата се намалува поради депонирање на разновиден отпад во самото корито.

Зоран Димовски