И утре ќе може да се регистрирате во Системот на Е-ПДД во УЈП – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/18 3:48 PM

И утре ќе може да се регистрирате во Системот на Е-ПДД во УЈП

Управата за јавни приходи информира дека утре сите даночни канцеларии (регионални дирекции, даночни одделенија и даночни шалтери)  ќе бидат отворени за граѓаните за да можат да се регистрираат во Системот на Е-ПДД.

Работното време на даночните канцеларии ќе биде од 8,30 до 14 часот.

Покрај овие мерки Управата за јавни приходи презема и  други мерки со цел да им се олесни регистрацијата на граѓаните.