Гостиварка паднала од балкон додека се обидувала да поправи ролетна. Итно е префрлена на скопските клиники. Во билтенот на СВР Тетово регистрирани случи на пронајдено оружје и нелегална сеча на дрва.
Во полицијата вчера околу 16 часот и 30 минути пријавено е дека 50-годишната гостиварка паднала од дрвено столче од балконската тераса додека се обидувала да ја поправи ролетната на прозорецот. Од паѓањето на мермерните плочки под балконот, кој немал ограда, задобила повреди на главата и со медицинско возило пренесена е во гостиварската болница. По укажаната помош У итно префрлена е и задржана на скопските клиники. Извршен е увид и се расчистува случајот.
Полицајци, вчера при претрес во домот на 26-годишен тетовец, реализиран со судска наредба, пронашле модифициран гасен пиштол „Екол-волга”, калибар 9 милиметри со празна рамка и 161 куршум калибар магнум 44. Пронајденото е фотодокументирано и одземено за вештачење, а лицето лишено е од слобода и по целосното расчистување на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Од СВР Тетово инфомираат и за нелегална сеча на дрва. Вчера околу 16 часот, во атарот на тетовското село Челопек, во месноста „Краста”, затекнати се 20-годишник и 17-годишник од селото Стримница, кои со моторна пила сечеле дрва, а непоседувале никаква документација за тоа. Дваесетгодишникот е приведен, одземена му е пилата и дрвата и предадени и се на Шумска полиција за натамошна постапка.
Зоран Димовски


