Од Алијансата за Албанците на пресс конференција го искажаа ставот во врска со најавата на Министерството за труд и социјална политика за промени во паричниот надоместок за трето дете. Од партијата рекое дека се против ваквата најава.
Потпретседателот на Алијансата за Албанците Елми Азири, вели дека со социјалните трансфери во Македонија значително се намалува сиромаштија, вклучувајќи ја и помошта за трето дете. Тој рече дека токму ваквиот податок говори дека министерството не ја кажува вистината, и се правда дека укинувањето на помошта за трето дете ќе ја спроведе, затоа што голем број семејства кои биле богати ја земале ваквата помош.
Азири смета дека треба само да се направат мали измени, околу примањето на овој дотаток.
Оттаму рекоа дека ќе гласаат против оваа промена во законот за детска заштита, ако истата стигне во собранието.
Зоран Димовски


