Плоштад во близина на седиштето на руската разузнавачка служба СВР, ќе биде именуван по Британецот, Ким Филби, кој беше најуспешен советски двоен шпион за време на Студената војна. Ова го предвидува уредбата која ја потпиша московскиот градоначалник, Сергеј Соњањин.
Филби се приклучи на британската разузнавачка служба МИ6 во 1940 година, а потоа беше на чело на контраразузнавачка единица и беше разузнавач за врска со САД.
Тој пребегна во Советскиот Сојуз во 1963 година, каде и почина во 1988 година.


