ОН: Вашингтон ја пролонгира испораката на хуманитарна помош за Северна Кореја – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/18 12:08 PM

ОН: Вашингтон ја пролонгира испораката на хуманитарна помош за Северна Кореја

Барањата на неколку хуманитарни агенции на Обединети нации да се одобри испорака на помош за Северна Кореја веќе неколку месеци се неизвесни бидејќи САД побараа подолг период да ги разгледаат документите – пренесе  Македонската информативна агенција.

Советот за безбедност на ОН од 2006 година едногласно воведува санкции кон Северна Кореја со цел да спречи финансирање на развој на нуклеарни и балистички ракети. Согласно донесените мерки, хуманитарните групи можат да побараат да се направи исклучок за испраќање на хуманитарна помош за сиромашната, изолирана азиска држава. Барањата се доставуваат до Одборот на СБ, а за нив се одлучува со консензус.

Сепак, според документите на Одборот, барањата што хуманитарните агенции, како Црвен крст и Црвена полумесечина во август и во септември ги испратија, се уште чекаат зелено светло бидејќи Вашингтон бара дополнително време за нивно разгледување.