Штип-Пред училиште на пешачки прегазен ученик – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/18 8:55 AM

Штип-Пред училиште на пешачки прегазен ученик

Прегазен е утрово, ученик пред средното електро-техничко училиште “Никола Нехтенин” во Штип.

Според информациите од СВР Штип сообраќаната незгода се случила на пешачки премин на булеварот “Гоце Делчев”, утрово во 9.10 часот. Во тешка состојба и бессознание, детето е пренесено во Штипската клиничка болница.

Според очевидци детето било удрено од возило кое што возело со голема брзина.За време на големиот одмор во училиштето, детето ја преминувало улицата за да купи храна во некои од објектите што се наоѓаат таму.

Полицијата во моментов работи на утврдување на причините за несреќата и со повеќе детали ќе излезат во текот на денешниот ден

Поради локацијата на која што се наоѓа, на самиот влез на градот, од училиштето неколку пати ималoбарање до општината да се реши проблемот и да се заштитат учениците од брзите и несовесни возачи. Соодветно сообраќајно решение се уште нема а ризикот по безбедноста на учениците секојдневно демне.