Таравари по три дена одлучи да зборува пред камера за трагичниот настан – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/18 4:23 PM

Таравари по три дена одлучи да зборува пред камера за трагичниот настан

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари по три дена од катастрофалната несреќа во која 17 годишна девојка се удави откако падна во водите на реката Вардар бегајќи од кучиња скитници, одлучи да се обрати јавно пред камера. Порача да не се политизира целиот случај.
Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари рече дека ова е една од најлошите трагедии, но и најтешката за него пресс конференција. Одлучил да ја одржи затоа како што рече многу имало манипулирање со случајот, од структури кои сакале да дојдат на власт во Гостивар
За да нема манипулација секој може да провери во полициски извештај како настана трагедија, рече Таравари.
Инаку Според полицискиот извештај 17 годишната девојка падна и се удави во водите на Вардар во Гостивар откако беше нападната од кучиња скитници Жителите на селото и роднините на девојчето побараа одговорност од општината за трагичниот настан. Локалната власт пак смета дека доволно работи на решавање на проблемот со кучињата скитници.

Зоран Димовски