Кејт Брнс и официјално го земенува Бејли – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/18 4:11 PM

Кејт Брнс и официјално го земенува Бејли

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти намера да ја номинира Кејт Брнс за нов американски амбасадор во Република Македонија. Брнс треба да го замени актуелниот амбасадор Џес Бејли, чиј мандат завршува на крајот од годината. Но, пред да дојде во Македонија, назначаувањето на Брнс треба да го одобри американскиот Сенат.

Кејт Брнс сега е во Атина, Грција, каде работи како заменик шеф на мисијата на САД.
Во текот на нејзината дипломатска   кариера работела и како заменик шеф на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.

Во нејзината дипломатска биографија издадена од Белата куќа, стои дека работела како советник за односи со јавност во Амбасадата на САД во Мадрид, Шпанија, била виш цивилен претставник на Одделот за државни функции во оперативната група Бастон / Бронко, аеродромот Џалалабад, Авганистан и советникот за јавни работи на Мисијата на САД во НАТО во Брисел, Белгија.

Новата американска амбасадорка  е исто така добитник на Наградата на секретарот за експедиција и на наградата за заслужена цивилна служба на армијата на САД.  Брнс зборува шпански, унгарски и турски јазик.