Најмалку 45 лица загинале во директен судир на два автобуса во Зимбабве.
Портпаролот на полицијата, Пол Нијати соопштил дека двата автобуса, кои се движеле во спротивен правец директно се судриле кај Русапе, место на околу 170 километри источно од престолнината Хараре.
Весникот „Хералд“ пак, пишува дека локалната мртвачница може да прими само 16 тела, што е многу малку во однос на бројот на жртвите.
Автобуските несреќи се чести во оваа јужноафриканска земја, каде што превозниците често не го почитуваат ограничувањето на брзината, бидејќи се обидуваат да завршат што повеќе „тури“.


