Физички напад на сестра од КАРИЛ од родина на починат пациент – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/18 11:33 AM

Физички напад на сестра од КАРИЛ од родина на починат пациент

Роднинa на пациент, кој починал, физички нападнал медицинска сестра од КАРИЛ. Од одделот велат дека сестрата нема посериозни повреди, но оти сепак е многу вознемирена.

Итна прес-конференција најави и министерот за здравство Венко Филипче, на која ќе бидат обелоденети повеќе детали.