Вчера околу 12 часот и 30 минути на улица „Ѓорѓи Војтех“ во Велес во стан на сопственост К.М (77) настанал пожар во една од собите при што е опожарен мебел, соопшти портпаролот на СВР Велес.
– Од страна на ТППЕ пожарот е локализиран околу 13.30 часот. Сопственичката на станот е пренесена во ЈЗУ Општа болница – Велес каде е задржана на лекување, појасни денеска Додевски.


