Фото: Република.мк
Новоформираното движење „Македонија блокира“ вчеравечер организираше собир пред домот напратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски во знак на револт од неговото гласање за уставните измени во Собранието.
Педесеттина граѓани предводени од Филип Петровски и лидерот на Еднствена Македонија, Јанко Бачев на Мукоски му предадоа писмо преку кое бараат да се предомисли и да не гласа во понатамошбата посталка за уставните измени.
Мукоски ги покани, па неколкумина од нив влегоа во неговиот дом.
Претходно Петровски ја прочита содржината на писмото кое му го доставија на Мукоски. Истото во сабота ќе им биде предадено и на пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов во Охрид.


