Со богата програма исполнета со низа културни и спортски настани ќе се одбележат 499 години од формирањето на Куманово и 74 години од ослободувањето.
На денешната прес конференција градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски ги покани граѓани да уживаат во Ноемвриските денови.
– Акцент ќе се даде на 9ти ноември со концерт на градскиот плоштад на интерпретаторот Звонко Богдан, а на 10ти ноември на градскиот плоштад свој концерт во чест на празникот на градот ќе одржи и мега ѕвездата од балканските простори Хари Верешановиќ или групата Хари Мата Хари. Ги поканувам сите без разлика на својата возраст, својата етничка, верска или било која припадност, да не придружуваат и заедно да го одбележиме јубилејот на нашиот град. На овие концерти ќе претпостај претходни настапи на локални интерпретатори кои моментално се актуелни на музичката сцена, изјави Димитриевски.
Дел од настаните веќе се одржаа меѓу кои и Литературната поетска вечер „Поткозјачки средби“ и манифестацијата „Пензионерите за својот град“. Агендата продолжува утре кога во 19 часот во Занаетчискиот дом ќе се одржи Меѓународна изложба на фотографии „Photo Story“ во организација на Фото клуб „Куманово“.
– Годишниот концерт на КУД „Бајрам Шабани“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во 18 часот, турнирот во мал фудбал „11 Ноември“ за пехар
Објавено на: 11/7/18 4:40 PM


