Конечно започна да се ослободува еден од најузурпиранниот тротоар долж булеварот Благоја Тоска во Тетово. Оваа јавна површина буквлано се користеше за паркриање на автомобили. Од Општина Тетово веалт дека расчистањето на тротоарот е по барање на жителите од улица Благоја Тоска.
Сега тротоарот е прооден ама за пешаци. Автомобилите се паркираат паралелно на самата улица. Граѓаните го поздравуваат ваквиот потег, и бараат да се продолжи со ваквите акции и во останатите делови на Тетово.
Но со ослободувањето на тротоарите сега се намали површината за паркирање. Сопствениците на возила и понатаму на мака, немаат доволно паркинг места за паркирање пред зградите во кои живеат, но и на другите улици во градот. Бараат од општинските власти ефикасно и долгорочно решение.
Како што не информираа од канцеларијата за односи со јавноста на општина Тетово,. Засега нема најава дека ќе биде воведено зонско паркирање на овој булевар
Понатаму на прашањето за немањето доволно паркинг места и користењето на некои пешачки зони за таа намена, како на пример платото покрај плоштадот, од општина Тетово ни одговорија дека паркирање на плоштадот не е дозволено и затоа е поставена рампа која за жал се демолира од несовесни граѓани.
Зоран Димовски


