Димитриевски учествуваше на Генералното собрание на Асоцијацијата на градови на мирот – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/18 2:40 PM

Димитриевски учествуваше на Генералното собрание на Асоцијацијата на градови на мирот

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски изминатата недела престојуваше во Волгоград, Русија каде учествуваше на Генералното собрание на Меѓународната асоцијација на градови носители на порака на мирот.
„Волга и дискусија за мирот“ била темата на која се разговарало на собранието, а Димитриевски воедно остварил средба и со колегите од Волгоград, Јокохама, Абуџан и други претставници од градовите кои членуваат во асоцијацијата.
– Беа донесени како и секогаш своевидни заклучоци за испраќање на порака до сите држави во светот дека мирот е нешто кое што е најдрагоцено и кое треба да се сочува. За наша среќа Куманово поради својата бурна историја има можност да членува во оваа престижна меѓународна организација заедно рамо до рамо со најголем број од општини од светот кои пропатиле во текот на историјата, а особено во Втората светска војна, како што е градот Ковентри од Англија, Волгоград, Јокохама, Нагасаки и голем број други градови од светот, изјави Димитриевски.
Како што посочи градоначалникот Димитриевски, на средбата било посочено дека од следната година Куманово ќе започне да организира ликовна колонија на тема „Порака на мирот“ каде ќе бидат поканети членките на оваа организација да испратат свои претставници за учество на колонијата.
– Сметаме дека на овој начин ќе дадеме свој допринос да се