Најавата на владата за воведување на рамниот данок ја подели бизнис фелата – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/18 1:07 PM

Најавата на владата за воведување на рамниот данок ја подели бизнис фелата

Најавата на владата за воведување на рамниот данок ја подели бизнис фелата. Некои сметаат дека треба да се воведе ваквиот данок ако сакаме правна и социјална држава, други пак се против ваквото оданочување.

Од Стопанската комора на северозападна Македонија, велат дека голем број бизнисмени кои ги консултирала, биле против воведувањето на рамниот данок.

Универзитетскиот профессор пак Абдулменаф Беџети лично смета дека треба да се воведе рамниот данок, ако сакаме да имаме правна и социјална држава.

Мендерес Кучи, бизнисмен и преставник од Стопанската комора на Северозападна Македонија, вели дека мора најпрвин подетално да се информираат, но и консултираат бизнисмените околу вововедување на рамниот данок.

Воведувањето  на рамниот данок беше и предизборно ветување на СДСМ.

Зоран Димовски