Домашни и странски авиопревозници по трети пат ќе може да аплицираат за финансиска поддршка од државата, со цел да се воспостават нови нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

Владата по трети пат ќе објави повик за нускобуџетните авиокомпании, но овој пат критериумите за нив ќе бидат олеснети. Одлуката денеска на прес конференција ја образложи портпаролот, Миле Бошњаковски.
„Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција информира дека авиопревозниците ќе треба да воспостават летови до две нови дестинации од Скопје и од Охрид до 26 март 2019, а не до 10 јануари, како што се бараше во претходните два огласа. Првите два повика беа неуспешни поради неисполнување на условите од тендерската постапка. Очекуваме овој трет повикот да биде успешен во интерес на граѓаните и тие ќе можат целосно да ги користат бенефитите од нискобуџетните летови“, истакна Бошњаковски.
Првата понуда беше одбиена во август, бидејќи не била наведена целосната адреса на писмото од апликацијата. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тогаш реагираше обвинувајќи ја владата дека е неспособна и дека со откажувањето на летовите единствено удира по џебот на граѓаните.
Во октомври пак, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески рече дека авиокомпанијата ја одбиле и при второто конкурирање, бидејќи во апликацијата не биле запазени условите за воведување на нови линии од аеродромот во Охрид.


