Евакуирани патници од железничка во Мадрид поради експлозивна направа – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/18 12:11 PM

Евакуирани патници од железничка во Мадрид поради експлозивна направа

Железничката страница Аточа во Мадрид и централната железничка станица во Барселона денеска беа делумно евакуирани поради сомнеж за екплозивни направи, но утврдено е дека тревогата била лажна.

Беа евакуирани патници од два воза и од фоајето во Барселона по дојава за експлозивна направа поставена во куфер. При претрага на еден куфер со скенер, бил забележан предмет кој личел на експлозивна направа. По проверка што ја спровеле специјализирани екипи, железничката станица била отворена и двата задржани воза добиле дозвола да тргнат.

Во Мадрид евакуацијата исто така била предизвикана од сомненија за експлозивна направа. По проверката, железничката станица била повторно отворена, соопшти шпанската полиција.