Штипскиот градоначалник со сработеното пред граѓаните – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/18 8:40 AM

Штипскиот градоначалник со сработеното пред граѓаните

Почеток на градба на нова детска градинка вредна 800.000 евра, водоснабдување за 600 жители на населбата „Балканска“, доизградба на нова платформа а паркирање, со која се придонесува во убалжувањето на сообраќајниот хаос, изградба и реконструкција на улици и тротоари. Ова се дел од проектите што ги наброја штипските градоначалник Благој Бочварски, во отчетот за една година од неговата работа. При тоа, Бочварски понуди и нов проект за реконструкција на градскиот  стадион со хотелски комплекс и две требини со капацитет за 5900 гледачи постандардите на ФИФА, каде би можела да игра и репрезентацијата.
Стадионот каде игра фудбалскиот клуб „Брегалница“,  не беше во позначајните проекти од неговата програма, но на отчетот, градоначалникот  рече дека капацитетот е во многу лоша состојба, а Штип заслужува да има стадион со кој ќе се гордее.
-Се работи на проектот, кој е 800.000 денари, инаку, знаете, претходниот градоначалник направи проект, кој не можеше да помине никаде,  ни во општината. Не можело да се издаде дозвола на тој проект, рече Бочварски.
Пред присутните беше понудена анимација за тоа како ќе изгледа новиот стадион, во кој општината и ФФМ во 2016 година,  веќе вложија половина милион евра.  Сепак, градончалникот не појасни од каде пари за новата реконструкција.
Штип мора да биде третиот македонски