Физички нападнати 4 лица во автобус во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 11/6/18 2:36 PM

Физички нападнати 4 лица во автобус во Скопје

На 05.11.2018 година околу 14.00 часот пријавено е дека во автобус број 33 на ЈСП од страна на две машки лица физички биле нападнати три лица на возраст од 17 и еден 15 годишник, како и М.Е.(44) од Скопје соопшти МВР.

По преземени мерки за расчистување на случајот во полициска станица се повикани Б.Р. (18) и уште едно малолетно лице и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.