Шест лица се повредени во сообраќајна незгода која се случила вчера во Долно Палчиште – ММС
ММС

Објавено на: 11/6/18 2:19 PM

Шест лица се повредени во сообраќајна незгода која се случила вчера во Долно Палчиште

Шест лица се повредени во сообраќајна незгода која се случила вчера во Долно Палчиште. Меѓу нив било и двегодишно дете кое е пуштено дома, а останатите се задржани на болничко лекување.

Пет лица се повредени и задржани на болничко лекување, а двегодишно дете е пуштено дома, откако биле повредени во сообраќајна незгода која се случила вчера околу 17 часот и 50 минути, на локалниот пат Пирок-Тетово, во Долно Палчиште. Според информациите на СВР Тетово, во неа учествувале две патнички моторни возила: „Голф” со тетовски регистерски таблици, управувано од 39-годишна жена од Џепчиште и „Форд мондео” со  италијански таблици, што го управувал 37-годишник од тетовско Ново Село.

Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата, околностите во кои се случила и се друго.

Од СВР Тетово информираат и за пронајдено оружје во домот на жител на село Пирок. Во претресот, реализиран со судска наредба, од неговиот татко одземена е ловечка пушка калибар 16 милиметри, расклопена на три дела, која била пронајдена во дрвен сандак. Педесет и деветгодишниот жител на Приок  лишен е од слобода за целосно расчистување на случајот.

Зоран Димовски