Погребана 17 годишнта девојка која се удави во Вардар – ММС
ММС

Објавено на: 11/6/18 2:12 PM

Погребана 17 годишнта девојка која се удави во Вардар

17 годишната девојка која вчера падна и се удави во водите на Вардар во Гостивар откако беше нападната од кучиња скитници, денеска беше погребана на селските гробишта во гостиварско Здуње. Жителите на селото и роднините на девојчето бараат одговорност од општината за трагичниот настан. Локалната власт пак смета дека доволно работи на решавање на проблемот со кучињата скитници.

Жителите од село Здуње велат дека секој ден нивните деца кога одат на училиште во Гостивар ги напаѓаат кучиња скитници. За жал истакнаа последниот напад заврши со фатален исход, за кој од општинските власти бараат одговорност.

И граѓаните на Гостивар велат дека секој ден гледаат како случајни минувачи се напаѓани од кучиња скитници покрај кејот на реката Вардар, каде вчера беше нападнато девојчето.

За настанот се огласи градоначалникот на Општина Госотвар Арбен Таравари

Не сум навикнат да не сносам одговорност, но математички нашата екипа го правеше и го прави невозможното за да се стабилизира состојбата каде што затекнавме едно куче не метар квадратен. Ако се откажеме покажуваме 0 одоговорност, ако продолжиме да ја водиме битката со кучињата, значи имаме сила и дигнитет. Досега сме оперирале 50 кучиња скитиници и сме вакцинирале стотина вакви бездомни животни, рече Таравари

 Инаку 17 годишната девојка падна во водите на реката Вардар и се удави, откако беше нападната од кучиња скитници на кејот на реката Врдар додека се движела кон автобуската постројка, каде требало да дојде комбе за да ја однесе до дома, по завршувањето на часовите во гостиварската гимназија каде и учела.

Зоран Димовски