Заврши реконструкцијата на заобиколниот пат „Северен булевар“ во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 11/6/18 10:55 AM

Заврши реконструкцијата на заобиколниот пат „Северен булевар“ во Кавадарци

Првата фаза од реконструкцијата на 450 метри од обиколницата „Северен булевар“ во Кавадарци е целосно завршена. Од денеска таа е во функција. Од општината велат дека сега се надминати проблемите кои ги имаа граѓаните поради лошата изведба на овој пат пред 15-тина година. При секој пороен дожд овде се создаваа езера од вода и се ограничуваше движењето на возилата.

„Oва е реконструкција, но исто како правење од ново. Имаше ископ на земја, тампонирање, појачување на подлога со геоплатна, па се до комплетно тампонирање и два слоја асфалт“ рече градоначалникот Митко Јанчев.

Тој најави дека за кратко време ќе се отпочне и со реконструкција на преостанатите 450 метри, со што целосно ќе се реши проблемот на оваа фрекфентна сообраќајница.

„Наредните 450 метри ќе се работат после 30 ноември. Ќе се работи доколку временските услови дозволат во декември, ако не после јануари. Овие 450 метри се со вредност од 8.5 милиони денари со поддршка од Бирото за регионален развој преку Вардарски плански регион. Вториот дел ќе го реализираме со Светска банка“ нагласи Јанчев.

И овој проект општина Кавадарци го реализира во соработка со Вардарски плански регион. Директорот Марко Колев ја нагласи одличната соработка и бројните проекти кои се досега реализирани.

„Инвестиција вредна не само за Кавадарци но и за регионот. Битна обиколница заради тоа што целата индустрија, идењето, одењето на работа на неготинци, росоманци и луѓе од другите општини е токму по овој пат. Тука го најдовме и регионалното значење на овој пат“ рече Колев.

Ангел Данов