Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи вонредна седница за најавеното прогресивно оданочување и ефектот од оваа мерка врз работењето на деловните субјекти.
Бизнисмените и вчера го искажаа својот став во врска со владините најави за воведување прогресивен данок. Тие апелираа да не се брза со мерките кои ги предвидува ваквата даночна реформа и да се консултираат сите засегнати страни.
Татјана Штрејова од Стопанската комора посочи дека пред се’ потребни се детални анализи за прашањата за даночната основа, субјектите, даночните повластувања, но и за тоа како ќе се спроведува контролата врз овој предложен даночен режим.
Инаку, на денешната вонредна седница освен потпретседателите на Комората, ќе учествува и министерот за финансии Драган Тевдовски. Тој викендов најави дека за приход од 90.000 денари ќе се плаќа дополнителен данок од осум проценти. Мерката треба да стапи во сила од 2019 година.


