Стопанската комора бара укинување на визи за туристите од Кина – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/18 4:02 PM

Стопанската комора бара укинување на визи за туристите од Кина

Олеснување за визниот режим за туристи од Кина и т.е гулф регион односно туристите од Катар, Кувајт, Бахреин, Оман, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, бара Стопанската Комора на Македонија од Министертсвото за внатрешни и надворешни работи за полесен  проток и на овие туристи кај нас.

Македонија нема визи со сите земји од гулф регионот,  Обединетите Арапски Емирати, вклучително и со Кина, додека Србија, Косово и Албанија имаат безвизен режим за гулф земјите освен со Саудиска Арабија, што тоа за туризмот во Македонија претставува хендикеп.

„Статистиката и искуството  од земјите од регионот покажува дека со некои од овие земји, земјите од Западен Балкан покажуваат драстично зголемување на  бројот на туристи пред се од Кина како и од земјите од гулф регионот“, вели Даниела Михајловска Василевска од Стопанска комора, додавајќи дека и двете средби во Министертсвото за надворешни работи за олеснување на визниот режим за туристите не родило со плод.

„Регулирањето на визниот режим, една од надлежностите ги има и Министерството за внатрешни работи, но од нашите укажувања на двете средби, пред се од економски аспект што значи укинувањето или олеснувањето на визниот режим со Кина и со некој од земјите гулф регионот, што би значело тоа за македонската економија, до сега сето тоа останува само на коментарите од сите страни дека постои интерес  запознаени се и надлежните институции дека во регионот дека од големо значење е ваквото олеснување, но во Македонија на тоа поле сеуште не се превземаат чекори“, додава Даниела Михајловска Василевска од Стопанска комора.

Визното олеснување за Кина би донело драстично зголемување за туристите од Кина како што е тоа примерот со Србија, вели Славе Сирачевски заменик претседател на Здружението на угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија.

„Визното олеснување за Кина би донело зголем број на туристи од таму и тоа драстично зголемување како што направи Србија пред две години, кога дозволи безвижен режим, два пати или три пати го зголемија бројот на туристи. Воведоа и редовна линија од Белград до Кина, што уште повеќе допринесе за зголемување на бројот на туристи. Визното олеснување се однесува на тоа колку нас македонските туристи ни е лесно кога одиме на Малдиви нема визен режим, на самото место се става печат. И секој еден се одлучува на такво патување кога знае дека, или пак да плати 10 или 20 долари тоа е големо олеснување“, вели Славе Сирачевски заменик претседател на Здружението на угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија.


На земјите пак од гулф регионот, примамливи им се земјите од Европа, но Македонија при нивна посета може да биде заобиколена поради потешкотиите за вадење виза.

„Што се однесува до гулф земјите во моментот најголем интерес на тие земји  им се балканските земји. Сите земји кои не опкружуваат Србија, Албанија, Косово, Босна и Црна Гора се стремат на било кој начин да ги добијат тие туристи. Станува збор за побогати туристи и треба да се понуди поексклузивен туризам. Со една точка, како што е визното олеснуавње во Македонија да се обидеме да ги укинеме или да ги олесниме ќе мора сериозно да работиме на темата на нивната традиција, обичаи, храна. Морам да признаам дека ниту еден хотел во Македонија  не го применил „халал системот“, а тие тоа го бараат.

Големиот интерес на туристите од Азискиот дел да ја посетат Европа е голем. 135 милиони туристи циркулираат во светот, односно трошат 330 милијарди долари, а Македонија  бележи приход од само 0,1% од тие пари.

Последните податоци на Заводот за статистика заклучно со август 2018 година реализиран е пораст навкупниот број на туристи во Македонија за 15%, од кој што растот на домашниот број на туристи е 14,5% , а кај станските за 15,3%.


Во делот на ноќевањата порастот бројот на реализирани ноќевања е 16% во целост, додека кај домашните гости реализираните ноќевања се зголемени за 14,8%, додека за странските за 18%. Ако се анализира статистиката според  земја на припадност од каде што доаѓаат странските туристи е исто како и зиминатите неколку години. Најголем број на туристи доаѓаат од Турција, на второ место се туристите од  Србија, Бугарија, Грција, Холандија, Германија се до 15 –то место каде што на 14 –то место се туристите од Кина, 15 –то туристите од Израел, а другите азиски земји каде што има и туристи и од останатиот дел од Азија се рангирани како 10 –ти на листата од туристи кои ја посетиле Македонија.

Најголем број ноќевања оставруваат туристите од Холандија, Турција, Србија, Бугарија, Грција и Полска. Согласно позитивните статистички податоци за реализираниот број туристи и ноќевања , расте и девизниот приход од туризмот во Македонија.  Од 2010 година па наваму, земена е 2010 бидејќи од тогаш се воведени субвенции за тур оператори кои носат странски туристи  во Македонија.

Во делот на девизниот приход има раст во првите шест месеци 2018 години, еведентирани се 151,8 милиони американски долари девизен приход, што е за 27% поголем од истиот период минатата година.