Штипската полиција изминатиот викенд имаше историска заплена на марихуана. При претрес во стан во Штип, пронајдени се 74 килограми од опојното растение. Марихуаната ја имало насекаде по станот, бил преполн со стебла од по 30-40 сантиметри, а имало и веќе обработени и исецкани колични подготвени во кеси за продажба.
Дрогата е најдена во станот на 40-годишниот Б.С., кој во него живеал со партнерката. Еден ден претходно, Б.С. беше сопрен од полицијата кај селото Стар Караорман, на велоспипед, на кој превезувал две големи кеси со марихуана со тежина од три килограми.
-При претрес на станот, пронајдени се повеќе најлонски вреќи со марихуанаа во вкупна тежина од околу 74 килограми и други предмети кои се фото и видео документирани и подигнати за вештачење. Четириесетгодишниот Б.С. е лишен од слобода и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 ст.1 од КЗ на РМ“, соопшти Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.
Основното јавно обвинителество отвори истрага, а на Б.С. му е одреден 30-дневен притвор. Целата количина на марихуана е дадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи, со цел да се утврди квалитетот и за видот. Б.С. пред истражителите изјавувал дека дрогата ја набавил дрогата, но останува да се открие кој ја засадил. Интересно е дека неодамна бил направен претрес на сега притворениот осомничен дилер, но не било пронајдено ништо.
Инаку, Б.С. пред неколку години има одлежано казна затвор за истото дело и бил познат на полицијата. Меѓу штипјани се коментира овој последниот случај на заплена на огромна количина на марихуана, но и зачестените слични случаи, зборуваат за зголеменото присуство на дрога на улиците на Штип.


